Брисел: Постигнат договор за Механизмот за закрепнување и отпорност

Од:

Германското претседателство и Европскиот парламент синоќа постигнаа прелиминарен договор за Механизмот за закрепнување и отпорност, на кој отпаѓа најголем дел од инструментот за закрепнување на ЕУ на следната генерација.

Механизмот за закрепнување и отпорност ќе има на располагање 672,5 милијарди евра, од кои 312,5 милијарди се неповратни, а 360 милијарди се заеми.

Инструментот на ЕУ за следната генерација има вкупно 750 милијарди евра. Најголемиот дел од оваа сума ќе се исплати преку Механизмот за закрепнување и отпорност, 672,5 милијарди евра, а останатите 77,5 милијарди се наменети за програмите Помош за обнова за кохезија и европските области – РЕАКТ-ЕУ, Зајакнати програми за рурален развој, Зајакнат механизам за фер транзиција.

Според прелиминарниот договор кој сега треба да го потврдат и Советот и Парламентот, најмалку 37 проценти од средствата што се достапни преку Механизмот за закрепнување и отпорност мора да бидат наменети за зелени проекти, а најмалку 20 проценти за дигитална трансформација.

Одобрувањето на средствата ќе биде поврзано со препораките кои Комисијата ги упатува до секоја земја-членка во рамките на Европскиот семестар, и во кои се идентификуваат клучните предизвици за секоја членка.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска