Бразилскиот вид коронавирус е потврден кај шест пациенти во Велика Британија соопшти денеска Агенцијата за јавно здравје на Англија. Три од случаите се во Англија, а уште три има во Шкотска.
Новиот вид на Ковид-19 кој првпат беше потврден во Бразил предизвикува голема загриженост кај здравствените стручњаци затоа што постои стравување дека постоечките вакцини против него се помалку ефикасни.