Бразилскиот сој коронавирус мутира и може да стане уште поопасен, покажуваат истражувањата

Од:

Бразилскиот вид на коронавирусот П.1, што е причина за порастот на смртни случаи со Ковид-19 во оваа земја, мутира на начин што ќе му овозможи полесно да ги избегне антителата, покажа бразилска научна студија.

Овие мутации, предупредуваат бразилските научници, може да го направат вирусот поотпорен на вакцини со потенцијални сериозни последици за ширењето на болеста.

– Веруваме дека ова е уште еден механизам за криење на вирусот за да се избегне одговорот на антитела – рече Фелипе Навека, еден од авторите на студијата.

Навека рече дека промените се чини дека се слични на мутациите забележани во уште поагресивниот сој на јужноафриканскиот коронавирус, против кој, како што покажаа некои студии, некои вакцини имаат значително намалена ефикасност.

– Ова е особено загрижувачко затоа што вирусот продолжува да ја забрзува својата еволуција – додаде тој.

Истражувањата покажаа дека варијантата П.1 е дури 2,5 пати позаразна од оригиналниот коронавирус и поотпорна на антитела.

Во вторникот, Франција ги прекина сите летови од и до Бразил во обид да спречи ширење на овој вид коронавирус во време кога најголемата економија во Латинска Америка станува се повеќе изолирана.

Новиот сој, која брзо стана доминантен во Бразил, се смета дека е главен фактор за екстензивниот втор бран од пандемијата во кој бројот на смртни случаи во таа земја надмина 350.000, што е втор најголем број на починати во светот по САД.

Ковид-бранот во Бразил се повеќе ги погодува помладите луѓе, а податоците од болниците покажуваат дека во март, повеќе од половина од сите пациенти на интензивна нега биле на возраст под 40 години.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана