Бразилскиот претседател Болсонаро позитивен на Ковид-19

Од:

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро објави дека е позитивен на коронавирусот.

„Тестирањето покажа дека сум позитивен,“ рече Болсонаро, кој за време на обраќањето носеше заштитна маска.

Тој се тестирал откако почувствувал некои од симптомите на Ковид-19, според Гардијан. Болсонаро во јавноста е познат како скептик кон самото постоење на вирусот, бидејќи во неколку изјави се потсмеваше и велеше дека вирусот не постои, а пред еден месец рече дека се работи за „мал грип“.

На своите приврзаници, кои се собраа пред претседателството, Болсонаро им кажа да не му приоѓаат.

Бразил се наоѓа на второто место во светот по бројот на заразени и починати лица како директна последица од смртоносниот вирус, веднаш по Соединетите Држави. Над 65.000 луѓе досега починаа во земјата од Ковид-19, а заразени се 1.65 милиони.

Првите луѓе на СЗО му посакаа брзо закрепнување на Болсонаро и му порачаа „сите сме ранливи на вирусот“.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски