Бразилски работници зазедоа кинески товарен брод

Од:

Околу 50 бразилски работници во јужноамериканското најголемо пристаниште, зазедоа денеска кинески товарен брод, во знак на протест што работодавците вработуваат Кинези, наместо локалните пристанишни работници, соопштија денеска синдикатите.

До судирите дошло во пристаништето Сантос на југоистокот на Бразил, откако во него впловил товарен брод „Зен Хуа 10“ од Шангај, што пренесувал воена опрема за истовар и пренос на контејнери на новиот приватен терминал Ембрапорт.

Претседателот на синдикатите на пристанишните работници Роднеи Оливеира да Силва, рече дека, според бразилскиот закон, компанијата мора да ангажира бразилски работници за истовар на опрема на терминалот.

Од друга страна, компанијата „Ембрапорт“ тврди дека истоварот и инсталирањето на опремата е обврска на кинескиот произведувач.

На бродот се наоѓаат 24 Кинези, кои во Бразил допатувале да извршат изградба на пристанишниот терминал.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата