Бразил вложува 27 милијарди долари во модернизација на пристаништата

Од:

Бразил денеска најави план вреден 27 милијарди долари за модернизација на пристаништата во државата заради стимулирање на економскиот раст.

Претседателката на Бразил Дилма Русеф соопшти за планот кој подразбира инвестиции од 15 милијарди долари за периодот 2014-2015 година и 12 милијарди во 2016-2017 година, на собир на кој присуствуваа министри и бизнис лидери.

– Програмата претставува повик до лидерите да вложат во модернизација и зголемување на капацитетот на пристаништата преку партнерство со државата. Ќе бидеме партнери бидејќи Владата и бизнис заедницата знаат дека ефикасни пристаништа се клучни за развој на државата, изјави Русеф.

Со планот се предвидени и 1,3 милијарди долари во подобрување на пристапот до пристаништата од копно, нов регулаторен систем, модернизација на администрацијата и погодности за инвеститорите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата