Бразил со поддршка за Гуаидо, но нема воено да интервенира

Од:

Владата на Бразил упати поддршка за лидерот на опозицијата на Венецуела, Хуан Гуаидо, за соборување на претседателот Николас Мадуро, и ги повика другите држави да го сторат истото.

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, поранешен армиски офицер, на својот официјален налог на Твитер, напиша дека луѓето од Венецуела се „робови од диктатор” и дека ја поддржува „слободата за нашата сестринска нација конечно да стане вистинска демократија”.

Неговиот советник за безбедност, пензионираниот генерал Аугусто Хелено, изјави дека е шокиран од инсертите на оклопното возило на Националната гарда на Венецуела, кое очигледно влета во демонстрантите.

Тој рече дека ситуацијата не е јасна, поддршката на Гуаидо меѓу војската се чини дека е „слаба” и не е сигурно дали офицерите го напуштаат Мадуро.

Претседателскиот портпарол генерал Отавио Рего Баррос им изјави на новинарите дека Бразил целосно отфрла воена интервенција во Венецуела и не планира да дозволи која било друга земја да ја користи нивната територија за потенцијална интервенција кон својот сосед.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд