Бразил покажува резултати во борбата против сида

Од:

Новоизбраниот заменик шеф на Програмата на ОН за борба против сидата (УНАИДС), Бразилецот Луиз Лорес, е горд на достигнувањата на неговата земја во борбата против оваа болест.

Во интервју за дневниот весник „Folja de Sao Paulo“ тој истакна дека во Бразил веќе може да се зборува за крај на епидемијата на сида, иако не и за искоренување на ХИВ вирусот, пренесуваат агенциите.

Според податоците на ОН, во Бразил околу 490.000 лица живеат со ХИВ вирус, кој е предизвикувач на сидата, а од оваа болест годишно умираат 15.000 Бразилци.

Бразил, меѓутоа, успешно ја стабилизира епидемијата, регистрирајќи намалување на бројот на новозаразени за 0.61 отсто меѓу 2009 и 2010 година.

Лорес нагласува дека Бразил мора да продолжи со досегашната политика на борба против сидата, па дури и да ја интензивира онаму каде тоа е потребно, но особено внимание треба да се посвети на превенцијата, пред се, меѓу најзагрозените-хомосексуалците и наркоманите.

На своите ХИВ позитивни граѓани Бразил им обезбедува бесплатни анти-ретровирални (АРВ) лекови. Оваа програма во 1996 година, кога беше најавена, предизвика контроверни реакции заради стравувањата околу можното развивање на отпорност кон посочените медикаменти и кршење на патентираните права на светските фармацевтски компании.

Главен фактор на бразилската успешна борба против сидата е тоа што земјата самата произведува неколку АРВ лекови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск