Бразил: На улична забава во пресрет на карневалот убиени се две лица

Од:

Бразилската полиција денес трага по напаѓачот кој пукал во група луѓе на една улична забава во пресрет на карневалот, при што убил две, а повредил 10 лица.

Полицијата во градот Ново Фрибурго, кој се наоѓа на околу 130 километри североисточно од Рио де Жанеиро, соопшти дека за сега не е познат мотивот за нападот и дека напаѓачот се уште не е лоциран, објави АП.

Престрелката се случила минатата ноќ, на една многу посетена забава, а страдаа 20-годишен младич и 43-годишна жена.

Карневалот во Бразил ќе се одржи дури за околу еден месец, но секој викенд, како вовед во големата забава која годишно ја посетуваат стотици илјади туристи, организираат забави на улиците на градовите низ целата земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск