Бразил ќе побара објаснување од ОН за прислушувањето од американските разузнавачки служби

Од:

Бразил ќе побара од Комисијата за човекови права во Обединетите нации информација за наводите дека американските разузнавачки служби ги прислушувале телефонските разговори и ги следеле интернет врските на бразилските граѓани, истакна претседателката на Бразил Дилма Русеф.

– Ставот на Бразил за тоа прашање е јасен и цврст, ние сме против секакво мешање во Бразил, како и во секоја друга држава. Тоа е кршење на суверенитетот и на човековите права, посочи Русеф.

Таа наведе и дека ја поддржува измената на бразилскиот закон со кој се регулира користењето интернет.

– Според нас, треба да се фокусираме на начинот на собирање податоци, што најчесто се собираат надвор од Бразил. Најмногу податоци собира „Гугл“, а ние сакаме податоците на Бразилците да се собираат во Бразил, истакна Русеф.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

ЦИА нуди пакети за отпремнини на вработените во согласност со политиките на Трамп

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

Џон Ретклиф – нов директор на ЦИА

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Киев

А1он