Бразил бара објаснување од Канада за извештаите за шпипонирање

Од:

Бразил побара вчера од Канада објаснување во врска со тврдењата дека им се шпионирани комуникациите на бразилското Министерство за рударство и енергетика. Тие акции претседателката на државата Дилма Русеф ги оквалификува како економска шпионажа.

Министерот за надворешни работи Алберту Фигеиреду го повикал канадскиот амбасадор во Бразил за да изрази протест на бразилската Влада од „грубото и неприфатливо нарушување на националниот суверенитет и правата на физички и правни лица“.

Дилма Русеф побара од Канада објаснување наведувајќи дека веруваат оти станува збор за економска шпионажа.

Во неделата бразилската телевизија Глобу објави репортажа во која се открива дека канадскиот Центар за безбедност на комуникациите шпионирал телефонски разговори и електронска коресподенција на службеници во Министерството за рударство и енергетика.

Прилогот се базираше на документи предадеи од поранешниот соработник во американското разузнавање Едвард Сноуден. Министерот за енергетика Едисон Лобао изјави за медиумот дека Канада има интереси во Бразил особени во рударството.

– Има многу канадски фирми кои пројавуваат интерес да работата во нашата држава. Не можам да кажам дали интересот да бидеме шпионирани бил предизвикан од желбата да се дознаат бизнис-интересите на некои фирми, додаде министерот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре