Братот на претседателот на Хондурас осуден на доживотен затвор поради трговија со дрога

Од:

Тони Хернандез, брат на претседателот на Хондурас, Хуан Орландо Хернандез, е осуден на доживотен затвор од федерален судија во Њујорк. Неговата казна е изречена поради испраќање на околу 185 тони кокаин во САД, објавија американските медиуми.

Претседателот на Хондурас ја оквалификува пресудата како скандалозна, истакнувајќи дека казната е заснована на лажно сведочење.

Тони Хернандез (42) е поранешен пратеник. Тој беше уапсен во Мајами во 2018 година. Во октомври 2019 година, по две години судење во Њујорк, беше прогласен за виновен поради трговија со дрога, за што ја имаше заштитата на неговиот брат, според американските обвинители. Тони Хернандез беше прогласен за виновен и за фалсификување и поседување огнено оружје.

Семејството на Хернандез соопшти дека ќе поднесе жалба на пресудата, која вклучува и конфискација на имот вреден 138,5 милиони американски долари.

Би можело да ве интересира

Уличните банди стојат зад бунтот во затворот и масовното убиство во Хондурас

Најмалку 41 лице загина во бунт во женски затвор во Хондурас

Хондурас ги прекина врските со Тајван и отвори амбасада во Кина

Ана Ололовска

Хондурас поради проблеми со бандите суспендираше некои уставни права

Силен земјотрес го погоди Хондурас

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Хондурас уапсена шефица на картел за која САД нудеа пет милиони долари

Ана Ололовска