Братот на Наваз Шариф предложен за негов наследник

Од:

Првиот министер на пакистанската провинција Пенџаб, Шахбаз Шариф денеска официјално беше предложен за премиер на Пакистан, со што на оваа функција ќе треба да го наследи неговиот брат Наваз Шариф, кој вчера поднесе оставка.

Номинацијата на Шахбаз Шариф за нов премиер беше одобрена на денешното заседание на Пратеничката група на владејачката Пакистанска муслиманска лига (ПМЛ).

Но, за да ја преземе премиерската функција, Шахбаз Шариф треба да поднесе оставка на должностите прв министер на Пенџаб и пратеник во Собранието на оваа пакистанска провинција, по што треба да победи на дополнителните избори за испразнетото пратеничко место во Парламентот на Пакистан по оставката на неговиот брат.

Целата оваа постапка се очекува да трае околу 45 дена, а до тогаш вршител на должноста пакистанки премиер ќе биде актуелниот министер за нафта и природни ресурси Шахид Хакан Абаси.

Наваз Шариф вчера поднесе оставка на премиерската функција, само неколку часа откако Врховниот суд на Пакистан донесе одлука за негова суспензија од должноста поради истргата покрената против него под обвинение за корупција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица