Братот на Џорџ Флојд бара независна истрага за полициската бруталност

Од:

Филониз Флојд, братот на Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицијата во САД, денес преку видео врска се обрати пред Советот за човекови права на Обединети нации и побара да се покрене независна истрага за полициската бруталност и расна дискриминација во земјата.

„На снимките го видовте бруталното убиство на мојот брат. На таков начин постапува полицијата со сите Американци со црна боја на кожата. Се надевам дека ќе се формира една независна меѓународна комисија, која ќе спроведе истрага за полициските убиства на Афроамериканците и примена на насилство над учесниците на мирните протести во мојата земја,“ истакна Филониз Флојд

Амбасадорот на Централноафриканската Република во ОН, Леополд Ишамаил Самба, зборуваше во име на африканските држави и побара од сите влади да преземат колективни мерки за искоренување на системскиот расизам и полициска бруталност.

Тој истакна дека претставници на американските власти лобирале африканските земји да го ублажат тонот во текстот на нивната резолуција.

Додека високата комесарка за човекови права на ОН, Мишел Башеле се заложи да се спроведе итна истрага и да се казнат сторителите од полицијата, кои употребиле прекумерна сила и да се спроведат „итни и одлучни реформи“.

„Црните животи се важни. Животите на староседелците и домородците се важни. Животите на луѓето се различна боја на кожата се важни. Сите луѓе се родени со еднакви права и достоинство,“ посочи Башеле.

САД го напуштија Советот за човекови права на ОН пред две години и оттогаш не учествуваат ниту седниците ниту на дебатите. Но, американскиот амбасадор во ОН, Ендру Бремберг, ја релативизираше иницијативата на африканските држави истакнувајќи оти е „погрешно е да се именува некоја земја со оглед на тоа што со проблемот на расизмот се соочуваат многу држави“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија