ВИДЕО: Брачен пар во САД извршил егзорцизам на посвоениот син, детето починало од повредите

Од:

Брачен пар од Северна Каролина е обвинет дека извршил аматерски егзорцизам врз нивниот четиригодишен син, кој подоцна починал. Џозеф Пол Вилсон (41) и Џоди Ен Вилсон (38) од Маунт Ери беа уапсени на 13 јануари под сомнение дека нивните постапки довеле до смрт на нивниот син Скајлер Вилсон. Моментално се во притвор и не им е дозволено да платат кауција за ослободување.

Канцеларијата на шерифот на округот Сури потврди дека замениците на шерифот добиле повик на 6 јануари од Службите за заштита на деца за дете кое било примено во болница откако добило итна медицинска помош претходниот ден. Полицијата соопшти дека Скајлер починал на 9 јануари „од повреди поврзани со злоупотреба од неговите родители“.

Иако се уште не се откриваат причините за смртта, полицијата го истражува случајот како убиство. „Ова е трагичен настан што резултираше со прерана смрт на драгоцено дете“, се вели во соопштението на шерифот Стив Си Хиат. Вилсонови се посвоители на Скајлер, пренесува телевизискиот канал WFMY-TV од Гринсборо.

Тие се обвинети дека го врзале и изолирале Скајлер со цел да извршат егзорцизам. Само неколку часа пред Скајлер да биде однесен во болница, Џоди му испратила порака на својот сопруг велејќи дека нешто му се случило на детето. Таа испратила и фотографија од Скајлер како лежи со лицето надолу на подот, завиткан во ќебе кое е залепено на подот.

Осомничените ќе се појават на суд на 2 февруари, а се уште не се знае дали имаат обезбедено адвокат. Семејството Вилсон биле законски старатели на другите деца кои моментално се под грижа на Одделот за социјални услуги, соопшти канцеларијата на шерифот, пренесува NBC News.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во училиште во Нешвил, има мртви

Катерина Павлова-Николовска

За време на полетувањето од Лос Анџелес до Сиетл, ја отворил вратата на авионот и скокнал надвор

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест девојчиња загинаа во несреќа во Америка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Грабнал девојче кое го намамил преку социјалните мрежи, а потоа го силувал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика за чоколади во САД, петмина загинаа, шест лица се исчезнати

(ВИДЕО) Најмалку 21 загинати во торнадо кое опустоши дел од Мисисипи