Во објавената верзија на извештајот на американскиот специјален обвинител Роберт Малер не постојат докази за вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД, изјави денеска директорот на Одделението за Северна Америка при руското Министерство за надворешни работи, Георгиј Борисенко.
Тој истакна дека извештајот „го потврдува непостоењето на какви било аргументи” за наводното мешање на Русија во изборите во САД во 2016 година.
– Тука нема ниту еден доказ. Авторите на извештајот всушност признаа дека немаат за што да известат, оцени Борисенко.
Министерството за правда на САД вчера го објави извештајот на Малер, според кој, нема докази за заговор меѓу Русија и изборниот штаб на тогашниот кандидат, а сега американски претседател, Доналд Трамп.