Русија е подготвена за разговори за Украина

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја потврди подготвеноста на Русија за дијалог со Украина, сметајќи дека само преку преговори може да се дојде до решение на конфликтот.

„Русија останува подготвена за преговори“, рече Песков, истакнувајќи дека се уште нема конкретен напредок во таа насока.

Тој додаде дека решение мора да се постигне преку дијалог, но не наведе детали.

За американските напори за решавање на конфликтот во Украина, Песков ја коментираше и изјавата на специјалниот пратеник за Русија и Украина Кит Келог, кој рече дека САД сакаат да започнат преговори пред да се случат дополнителни конфликти.
Песков рече дека во моментов нема ништо „суштинско“ во однос на американските планови и дека треба да бидеме трпеливи.

Руските власти продолжуваат да ја нагласуваат важноста на преговарачкиот процес како единствена опција за решавање на конфликтот во Украина, но засега нема конкретен напредок во таа насока, пренесува РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Русите уништија американска фабрика за дронови во Киев

Велика Британија и Германија го осудуваат рускиот напад врз Украина: Москва останува закана

Подубни: Киев ја плаќа цената на присилната мобилизација

Горан Наумовски

Русите нападнати со ракети од Северна Кореја

Лавров: Путин не крие дека ситуацијата е сериозна

Масовен руски напад врз Украина, Полска ја активираше својата авијација