Борис Џонсон меѓу казнетите за забавите на Даунинг стрит за време на локдаунот

Од:

Заврши истрагата за забавите во период на строг „локдаун“ поради Ковид-19, одржани во Даунинг стрит, 126 лица се казнети, соопшти денеска британската полиција, јавија тамошни медиуми.

Премиерот Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак се казнети поради собир во канцеларија во јуни 2020 година. Тогаш, Џонсон славел 56-ти роденден, во време кога собири беа забранети.

Откако се дозна за забавата, опозиционери, но и политичари од Конзервативната партија, од Џонсон побараа оставка.

„Истрагата беше темелна и целосна, завршена е најбрзо што можевме, со оглед на количеството информации што мораше да се обработи и важноста да обезбедиме силни докази за секоја напишана казна. Истрагата сега е завршена“, наведуваат од лондонската полиција.

Казните биле во врска со осум датуми, кога се организирале разни собири во Даунинг стрит и во владини канцеларии, меѓу мај 2020 и април 2021 година. Тој период, на сила беа антиковид мерки.

Меѓу казнетите се 53 машки и 73 женски лица, некои од нив добиле повеќе од една казна.

Засега, нема никаков одговор од Даунинг стрит.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона

Борис Џонсон: Уверен сум дека Трамп ќе помогне да се стави крај на војната во Украина

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он

Џонсон за еден говор во САД заработи повеќе од 300 илјади долари