Борис Џонсон e во добро расположение откако излезе од интензивна нега

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон е во „многу добро расположение“ откако синоќа се премести од единицата за интензивна нега во болничка соба, но неговото закрепнување сè уште е во почетна фаза, изјави денеска неговиот портпарол.

– Премиерот штотуку започнува да закрепнува и тој ќе ги следи советите на медицинскиот тим, рече портпаролот на прашањето кога Џонсон ќе се врати на работа.

– Ми кажаа дека тој им се заблагодарил на сите медицински сестри и лекари што ги сретнал додека бил преместуван од интензивна нега назад во болничката соба. Од болницата рекоа дека минатата ноќ бил во исклучително добро расположение, додаде портпаролот.

Би можело да ве интересира

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска