Борел: Западот ќе ја уништи руската армија ако употребат нуклеарно оружје, а Путин не може да си дозволи блефирање

Од:

Руски нуклеарен напад врз Украина ќе предизвика „толку моќен одговор“ од Западот што руската армија ќе биде „уништена“, рече Жосеп Борел, шефот за надворешна политика на ЕУ.

Неговите коментари доаѓаат како одговор на сè поборбената реторика на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува „Еуроњуз“.

По потпишувањето на указот за делумна мобилизација за зајакнување на рангот на руската армија на 21 септември, Путин го предупреди НАТО дека неговата земја има на располагање „различни средства за уништување“ за да го брани својот „територијален интегритет“.

Во изјавата за медиумите, Борел директно одговори на заканите на рускиот лидер.

„Постои нуклеарна закана, а Путин вели дека не блефира. Па, тој не може да си дозволи блефирање“, рече Борел за време на настанот на Европската дипломатска академија во Бриж.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски