Борел: Воената помош од европски извори за Украина ќе надмине три милијарди евра

Од:

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе одобрат нова транша од воена поддршка за вооружените сили на Украина следната недела во Луксембург. Тоа го изјави денеска во Брисел високиот претставник за надворешна политика и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел.

– Ќе ги известам членките на НАТО дека следната недела во Луксембург, како министри за надворешни работи на Европската Унија, ќе одобриме нова транша од нашата воена поддршка за вооружените сили на Украина. Така, нашата воена помош од европски извори ќе надмине три милијарди евра, изјави Борел пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО.

Тој најави дела Европската Унија ќе формира мисија за обука на украински војници.

– Ќе продолжиме да бараме дипломатски решенија за ставање крај на војната, но решени сме да продолжиме со воената поддршка за Украина се додека е потребно, потенцираше шефот на европската дипломатија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски