Борел со критики за американската политика за санкции

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политка и безбедност Жозеп Борел ја критикуваше политиката на санкции што ја води администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Таа тактика е контрапродуктивна, предупреди Борел.

Тој, исто така, конкретно ги спомена проектите на рускиот гасовод „Северен поток 2“ и „Турски поток“, за кои американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека ќе бидат воведени санкции.

„Јас сум длабоко загрижен од се почестата употреба на санкции или заканите за санкции од страна на САД против европските компании и интереси“, нагласува Борел во изјавата дадена за време на самитот на ЕУ за економското закрепнување од пандемијата на коронавирусот.

„Сведоци сме на засилена тенденција во случаите со Иран, Куба, Меѓународниот кривичен суд и неодамна, проектите „Северен поток“ и „Турски поток“ , истакна тој

Борел наведува дека „во принцип, Европската унија се спротивставува на употреба на санкциите од страна на трети земји против европски компании што вршат законски активности“.

„Понатаму, (ЕУ) смета дека екстериторијално воведување санкции е спротивно на меѓународното право“, смета Борел. Тој додаде дека „европските политики треба да бидат дефинирани тука во Европа, а не од трети земји“.

„Кога има политички разлики, Европската унија е секогаш отворена за дијалог. Сепак, не може да биде загрозена од санкции“, рече Борел.

Во средата, американскиот државен секретар Мајк Помпео објави дека САД ќе воведат санкции за компании вклучени во спроведувањето на двата руски проекти за гас. Германија, крајната дестинација на идниот гасовод „Северен поток“ 2 ја осуди одлуката на САД.

Би можело да ве интересира

Инаугурацијата на Трамп: Огномет, имитатор на Елвис Присли и нешто невидено во последните 40 години

Предраг Петровиќ

Инаугурацијата на Доналд Трамп преместена во затворен простор поради студеното време

А1он

Има ли шанси Трамп и Путин да се сретнат во Белград?

А1он

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ

Официјален Брисел криеше дека Фон дер Лајен е во болница

Бајден шокиран од Трамп: Страшно