Борел: Руските власти се пресметуваат со независните медиуми во земјата

Од:

Шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел смета дека прекинот на работата на рускиот весник Новаја Газета е резултат на систематска пресметка на руските власти со независните медиуми во Русија, вклучително и меѓународните медиуми и социјалните мрежи.

– Оваа медиумска цензура е поврзана со манипулација и дезинформирање на руската јавност од страна на државните медиуми во контекст на неиспровоцираната и неоправдана војна на Русија против Украина, нагласи Борел.

Во писмена изјава тој вели дека Новаја Газета е новинарска институција чија работа е признаена надвор од Русија и чие име се поврзува со имињата на главниот уредник Дмитриј Муратов, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 2021 година и Ана Политковскаја која беше убиена во центарот на Москва во 2006 година, како и пет други новинари на Нова Газета кои со живот платија за нивната храбра работа.

– Европската унија ги пофалува независните медиуми во Русија и индивидуалните новинари кои ги бранат вредностите на демократијата, владеењето на правото и слободата. Оние кои се обидуваат да го информираат рускиот народ за војната што руското раководство ја води против Украина, вклучително и воените злосторства извршени од руската армија, а кои се под истрага на Меѓународниот кривичен суд, наведува Борел.

Тој заклучува дека ЕУ ќе продолжи да се спротивставува на кампањите за дезинформација на Кремљ и да ги поддржува руските независни медиуми и новинари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот