Борел: Руски медиуми тврделе дека западните вакцини ќе ги претворат луѓето во мајмуни

Од:

Европскиот министер за надворешни работи Жосеп Борел денеска ги обвини руските државни медиуми за ширење лажни информации за европските и американските вакцини против коронавирусот во земјите каде што, како што тврди, Русија сакала да ја продаде својата вакцина „Спутник V“.

Во објава на блог, Борел тврди дека компаниите и научниците кои развиваат вакцини во западните земји биле „отворено исмејувани“ во руските медиуми, што, како што наведе, во некои случаи довело до „апсурдни тврдења дека вакцините ќе ги претворат луѓето во мајмуни“.

– Таквите наративи очигледно се насочени кон земјите во кои Русија сака да ја продаде својата вакцина Спутник V, рече Борел, предупредувајќи дека таквите потези претставуваат закана за јавното здравје во време на пандемија на Ковид-19. Борел сепак не наведе конкретни примери.

Рускиот фонд за директни инвестиции, кој е одговорен за промовирање на вакцината во странство, до сега ја нема коментирано објавата на Борел.

Би можело да ве интересира

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина