Борел: Русија доживеа голем неуспех

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека војната во Украина е голем неуспех за Русија.

– Се обидоа да го заземат Киев и беа одбиени. Сега го напуштија Киев, гледаат дека е невозможно да се заземе главниот град, рече Борел на прес-конференција во Луксембург.

– Ги прегрупираат своите трупи на исток и Украинците се убедени дека ќе започнат голема офанзива во Донбас во близина на нивните логистички бази, рече тој. Борел, исто така, ја карактеризира инвазијата како „хорор“.

– Она што го остави руската армија зад себе се убиени цивили, уништени градови, неселективно бомбардирање, како она што го гледаме на железничката станица (во Краматорск). Многу сме загрижени за човечките последици од оваа војна, додаде тој.

Зборувајќи за новите санкции, Борел изјави дека ништо не е исклучено, па ни нафтата, ниту гасот, но дека сè уште не е донесена одлука за тоа.

– Лесно е да им се каже на некои земји-членки кои не користат руски гас дека се подготвени да не користат руски гас, но за другите земји-членки кои се многу зависни од рускиот гас, тоа не е така лесно, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски