Борел: Пристапувањето на Украина во НАТО во моментов не е фундаментално прашање

Од:

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска оцени дека приемот на Украина во НАТО „во овој момент не е фундаментално прашање“.

Во интервју објавено за шпанската телевизија 24 Орас, Борел денеска зборуваше за нуклеарната закана на рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека „таков ризик навистина постои“ и потсети дека рускиот лидер рекол дека тоа е „вистинска закана“.

-Овие закани дополнително ја изолираат Русија, но сепак мора да се сфатат сериозно, рече Борел.

Првиот европски дипломат додаде дека со припојувањето на четирите украински територии кон Русија, „Путин го отежнува, па дури и го прави невозможно завршувањето на војната“.

Нагласи дека е важно да се продолжи со досегашната поддршка за Украина и со санкциите кон Русија кои, како што потврди, даваат ефект.

-Ова е првпат ЕУ да ги искористи своите средства за набавка и испорака на оружје за земја во војна. Благодарение на тоа и придонесот на САД, Украина може да се одбрани, рече Борел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција