Борел: Интензивна соработка на ЕУ со Западен Балкан во борба против пандемијата

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во телефонски разговор со албанскиот премиер Еди Рама оцени дека ЕУ интензивно сорабоува со Западен Балкан за решавање на влијанието на пандемијата на Ковид-19 врз општеството и економијата.

„Тие се согласија дека е потребна силна и координирана акција за да се спречи влијанието на оваа пандемија врз општеството и економијата“, се вели во соопштението на ЕУ.

Во соопштението се додава дека тој повторно изразил задоволство од одлуката на Советот на ЕУ за отворање преговори за пристапување со Албанија и Северна Македонија.

„Високиот претставник истакна дека ова е добра вест за овие земји, Западен Балкан и Европската унија“, се заклучува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

Кошта: Иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во ЕУ

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Борел во Бејрут повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

А1он

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт