Борел: ЕУ нема да дозволи формирање марионетска влада во Украина

Од:

Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел во интервју за шпанската јавна телевизија ТВЕ денеска изјави дека Европската унија нема да дозволи преговорите меѓу Русија и Украина да завршат со „воспоставување марионетска влада“ во Киев.

– Сите војни завршуваат, но треба да се види на кој начин. Тоа не смее да се случи и нема да дозволиме ова да заврши со задушување на слободите на Украинците и нивната легитимна Влада, која би била заменета со марионетска влада, како што се случуваше во времето кога Русија беше дел од Советскиот Сојуз, рече Борел, поранешен министер за надворешни работи на Шпанија.

На границата меѓу Белорусија и Украина денеска почнаа преговори меѓу Москва и Киев.

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата нареди руските нуклеарни сили да се подигнат на високо ниво на подготвеност, оправдувајќи го тоа со агресивни изјави на НАТО и економски санкции против Москва. Во исто време, ЕУ најави дека ќе додели 450 милиони евра на украинските вооружени сили за набавка на оружје и дополнителни 50 милиони евра за набавка на заштитна опрема и гориво. НАТО денеска соопшти дека ќе и достави на Украина ракети за противвоздушна одбрана и противтенковско оружје.

– Самото спомнување на нуклеарно оружје е апсолутно неодговорен потег. Тоа многу добро го опишува господинот Путин, рече Борел (74).

Борел тврди дека конфликтот може да се прелее во Молдавија и Грузија, каде што отцепените региони со руско население веќе функционираат како држави, но без меѓународно признание. Тој смета дека влошување може да дојде и на просторот на поранешна Југославија.

– Се плашиме дека може да има повеќе конфликти, на пример на границата со Молдавија, или дека нешто може повторно да се случи на Балканот. Загрижени сме поради тоа. Или во Грузија, каде Русија изврши агресија во 2008 година. Јас лично сум загрижен, рече Борел.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски