Борци на Хезболах убиле виден џихадист во акција на сириската територија

Од:

Борци на либанската шиитска група Хезболах убиле висок претставник на екстремистичката група „Исламска држава“, соопшти денеска најпознатата сириска опозициска невладина органзиација, цитирана од американските медиуми.

Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, џихадистот, попознат како Абу Абдула ал Ираки бил убиен во планинскиот реон Каламун, крај границата со Либан, од подметната бомба во неговиот автомобил.

Телевизијата „Ал Манар“, сопственост на Хезболах, информира за смртта на Ал Ираки, но додаде дека тој бил убиен во перфектна операција на сириската армија.

Загинатиот се занимавал со поставување експлозиви во автомобили и со подготовка на атентатори самоубијци, кои тој ги испраќал во Либан.

Шиитската група Хезболах одамна е верен сојузник на сириската Влада и се бори на страната на силите на претседателот Башар ал- Асад во Сирија. Вообичаено таа не презема одговорност за операциите, извршени на сириска територија, прецизираат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе