Борци на исламистичката група „Боко Харам“ грабнале најмалку 60 жени и девојчиња во нигериската држава Адамава, пренесе ТАСС, цитирајќи ги локалните медиуми.
Стотици вооружени екстремисти со мотоцикли и камиончиња пристигнале во неколку села во североисточниот дел на земјата, каде ги нападнале локалните жители, палејќи им ги куќите и грабнувајќи им ги жените и ќерките.
Од мај 2013 година во државите Адамава, Борно и Јобе е воведена вонредна состојба. Локалните жители и натаму ги напуштаат регионите под контрола на екстремистите.
За последните пет години веќе има над 10.000 жртви на теророт на „Боко Харам“ во Нигерија,а околу 700.000 лица се принудени да ги напуштат своите домови.