Борбата против глобалното затоплување приоритет за израелската влада

Од:

Израелската влада денеска соопшти дека борбата против глобалното затоплување ја определила како приоритет во областа на националната безбедност.

Израел најави и инвестиции во зелена енергија.

Пред Конференцијата на ОН за климатски промени (КОП26), владата на Нафтали Бенет наведе дека усвоила „многу одлуки за промовирање на употребата на чисти возила со ниска содржина на јаглерод“.

Коалициската влада на Бенет постави цел во јуни да ги намали емисиите на стакленички гасови за 27 отсто до 2030 година и за 85 отсто до 2050 година, во споредба со нивото од 2015 година.

Израелскиот премиер ќе учествува на Конференцијата на ОН за климатски промени, која ќе се одржи во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел