Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата, се до крај на 2024 година

Од:

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно да ја надминат високата инфлација. Ваква одлука донесе Бундестагот, пренесува „Капитал“.

Олеснувањето ќе важи до крајот на 2024 година. Сепак, отворено е прашањето колку работодавци воопшто ќе може да исплатат бонуси. Претседателот на синдикатот на работодавци, Рајнер Дулгер, рече дека не сите компании се во состојба да се изложат на таков трошок.

Веќе за време на пандемијата постоеше можност да се плати премија без данок. Сепак, не се знае колку фирми исплатиле и за какви суми се работи.

Предуслов за даночно ослободување е парите да се исплаќаат покрај редовната плата. Дополнително, работодавецот мора да наведе дека се работи за паушален износ, кој е поврзан со поскапувањата. Во случај на корисници на социјална помош премијата не треба да се смета како приход.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите