Бомбашки напад врз Мисијата на ОН во Мали

Од:

Во напад на бомбаш самоубиец врз камп на Обединетите нации на северот од Мали, загинаа тројца цивили, а ранети се уште 16 лица, меѓу кои и неколкумина мировници, соопштија ОН.

Напаѓачот се обидел со автомобил да влезе во кампот што го користи Мировната мисија на ОН (Минусма) во Ансонг, кога бил активиран експлозив.

– Во нападот се повредени девет мировници, од кои двајца имаат сериозни повреди, како и уште седуммина други цивили. Три лица загинаа, наведе мисијата на ОН.

Во соопштението не се прецизира дали бомбашот делувал самостојно или имало и други лица во возилото.

Шефот на мисијата Минусма, Монги Хамди, го осуди нападот како „гнасен и кукавички“, пренесуваат француските медиуми.

– Шокиран сум од фактот дека храбрите мировници повторно беа цел на напад, како и недолжни цивили. Овој напад нема да ја одврати Минусма од својата мисија на обновување на мирот и безбедноста во Мали, рече тој.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска