Бомбаши-самоубијци од ИД ги нападнаа либиските сили во Сирт, едно лице загинато

Од:

Бомбаши-самоубијци од редовите на Исламска држава нападнале денеска позиции на либиската влада, која е составена под покровителство на Обединетите нации, во регион на крајбрежниот град Сирт, при што животот го загубил најмалку еден човек, изјави портпаролот на владините милиции, бригадниот генерал Мохамед ал Гасри.

Тој истакна дека нападот бил извршен со три автомобили, меѓу кои и возило на брзата помош, при што бил пробиен безбедносниот обрач околу градот и нападнати се линиите за снабдување и медицински објекти.

Животот го загубил најмалку еден болничар, а околу десетина лица се ранети.

Гарси изјави дека неговите сили продолжуваат да се борат со цел да ја воспостават контролата врз Сирт.

Тој додаде дека борците на ИД се забарикадирале во центарот на градот, при што имаат за цел да ги вовлечат владините сили во борби на улиците на населеното место.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Во Германија пет лица се обвинети за помагање на Исламската држава

Разбиена исламистичка група во Австрија

Ирак: Исламската држава планира да изврши „голем“ терористички напад во Велика Британија