Терорист самоубиец активира експлозив што го носел во автомобилот со кој управувал на контролен пункт во близина на градот Тимбукту во Мали.
Тоа е втор самоубиствен напад што се извршува во тој град во овој месец.
Во нападот ранет е еден војник. Од март минатата година до јануари оваа година Тимбукту беше заземен од исламистичка група поврзана со Ал Каеда. Градот беше ослободен од француската армија на 28 јануари.