Бомбаш-самоубиец изврши напад врз курдската служба за безбедност во Сирија

Од:

Бомбаш-самоубиец изврши денеска напад врз канцелариите на курдската служба за безбедност во Североисточна Сирија. Загинале најмалку десет лица, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Цел на нападот, извршен во градот Камишли, биле канцеларии на Асаиш, служба за внатрешна безбедност, формирана од автономните курдски власти во Северна Сирија.

Курдски претставници засега не можат да го потврдат бројот на жртвите.

Напаѓачот бил од „Исламска држава“ и разнел автомобил-бомба пред штабот на курдските сили за безбедност во Камишли, при што бројот на загинати е најмалку десет.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад