Болтон: Трамп ги поддржувал диктаторите што му помагале да биде реизбран

Од:

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп се ставал на страна на авторитарните лидери на други земји и тоа понекогаш го правел во политичка полза, барајќи поддршка за негов реизбор, пишува поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, во книга посветена на времето кое тој го мина во Белата Куќа.

„Тоа беше шема на постојано попречување на правдата со која ние живеевме и не можевме да прифатиме такво нешто,“ пишува Болтон во мемоарите, насловени како „Собата каде тоа се случи“.

Болтон опишува неколку случаи кога претседателот изразил подготвеност да запре криминални истраги „за ефективно да прави лични услуги на диктаторите кои му се допаѓаа“. Наведени се случаи на големи компании од Кина и Турција, но во центарот е сагата со Украина и Володомир Зеленски која доведе до истрага за отповикување на Трамп.

Во мемоарите, кои го нарекуваат Трамп „претседател чија единствена грижа беше да биде реизбран, дури и кога тоа значи ослабнување на нацијата“, се наведува и епизода кога Трамп ги условувал трговските преговори со Кина Трамп со поддршка од Пекинг за негов реизбор. Според Болтон, Трамп побарал од кинескиот претседател Си Џинпинг да купи американски земјоделски производи за преку тоа да обезбеди поддршка за реизбор од држави каде главна гранка е земјоделието и фармерството.

Трамп неделава се обиде да го спречи издавањето на мемоарите на Болтон, поднесувајќи барање до федерален суд. Промоцијата на книгата е закажана за следниот вторник, а таа веќе е бестселер на Амазон. 

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп