Болсонаро позитивен и на повтореното тестирање на коронавирус

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро повторно е позитивен на тестот за коронавирусот, пренесе Си-Ен-Ен Бразил.

Болсонаро, познат по тоа што ја негира моќта на вирусот Ковид-19 и неколку пати го нарекуваше обичен грип, на 7 јули објави дека е позитивен за коронаворусот.

Си-Ен-Ен Бразил наведува дека Болсонаро за нивната мрежа изјавил дека неговиот тест на Ковид-19 е повторно позитивен и додал дека повторно ќе се тестира за неколку дена.

Откако се зарази неговата здравствена состојба е добра и тој ќе се врати на работа доколку тестирањето подоцна оваа недела покаже дека е негативен на коронавирус, пренесуваат британските медиуми.

Бразил е на второто место во светот според бројот на заразени и умрени лица од ефектите на коронавирусот, со 1.939.167 инфицирани и 74.445 смртни случаи, покажувата податоците на Worldometers.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски