Болсонаро: Немаме средства за борба против пожарите во Амазонија

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави денеска дека Владата има недостиг од средства за борба против шумските пожари во Амазонија.

Болсонаро, обраќајќи се на „Фејсбук“, рече дека сателитските снимки покажале дека прашумите во бразилскиот дел на Амазонија оваа година се погодени од рекорден број пожари.

Тој исто така негираше дека некогаш рекол дека невладини организации ги подметнале пожарите во шумите, укажувајќи дека зборувал само за лично сомневање.

Медиумите претходно пренесоа дека Болсонаро изјавил дека невладини организации ги подметнуваат пожарите во Амазонија со цел да ја дискредитираат неговата Влада откако им ги намалил финансиите.

Бразилската вселенска агенција неодамна соопшти дека бројот на пожари во Амазонија е зголемен за 83 отсто во однос на минатата година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски