Болсонаро: Короната е како дожд, на крајот сите ќе бидат мокри

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој е заразен со коронавирусот, ја спореди болеста со дожд, наведувајќи дека на крајот сите ќе бидат мокри.

Болсонаро, кој уште од почетокот на пандемијата ја потценува сериозноста на коронавирусот, нарекувајќи го „мал грип“, рече дека не е изненаден што се заразил.

Тој додаде дека има благи симптоми и оти се чувствува добро, јави Би-Би-Си.

Болсонаро во неделата беше фотографиран без маска на прославата на Денот на независноста во американската Амбасада, а неколку бразилски министри во моментов се во изолација додека чекаат резултати од тест.

Бразил е една од најзагрозените земји во светот, со речиси 1,7 милиони заразени и околу 67.000 починати од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски