Болсонаро: Договорот Г7 ја третира Амазонија како колонија

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска изјави дека спогодбата на Г7 за борба против пожарите во Амазонија овој регион го третира како колонија.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно денеска објави дека Г7 се согласила да издвои 20 милиони долари за борба против пожарите, како и за долгорочната иницијатица за заштита на прашумата, пренесоа американските медиуми.

Макрон денеска го обвини Болсонаро за пожарите во Амазонија и повтори дека лаже во врска со промената на неговата политика кон климатските промени и сечата на шумата.

Болсонаро потоа кажа дека смешните и непотребни напади на Макрон за Амазонија се неприфатливи и го обвини дека регионот го третира „како да сме колонија“.

Би можело да ве интересира

Болсонаро e обвинет за обид за државен удар

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница