Боливија: Американското барање за екстрадиција на Сноуден е неосновано

Од:

Боливиските власти го отфрлија како неосновано барањето на САД за екстрадиција на поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден, оценувајќи дека тоа нема правна смисла бидејќи тој не се наоѓа на територија на Боливија.

Министерството за надворешни работи објави дека барањето ќе биде веднаш вратено на САД.

Авионот на боливискиот претседател Ево Моралес, кој се враќаше од посета на Русија, беше принуден да слета во Виена, откако Франција и неколку европски земји музабранија прелет низ нивниот воздушен простор по сомневањето дека во него се наоѓа Сноуден.

– Боливија сака да потврди и категорично да повтори дека Сноуден не се сретнал со Моралес во Русија, ниту пак се качил на неговиот авион, нитусе наоѓа на боливиска територија, се наведува во соопштението на Министерството.

Во соопштението се изразува големата огорченост на Боливија поради фактот што барањето е упатено истиот ден кога претседателот Моралес беше илегално задржан поради неосновано сомневање.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска