Детската болест на рацете, нозете и устата, позната како ЕВ-71, е причина за мистериозната смрт на 52 деца во Камбоџа, соопштија денеска Светската здравствана организација (СЗО) и камбоџанското Министерство за здравтво.
Во заедничкото соопштение на двете институции се посочува дека лабораториските тестови потврдиле дека станува збор за оваа болест.
Според официјалните податоци, од болеста заболеле 59 деца од кои 52 починаа.
Од оваа болеста лани во Виетнам заболеа над 110.000 лица, од кои починаа 166. Најголемиот дел од починатите беа деца на возраст до три години.
ЕВ-71 по правило се манифестира со осип по кожата на заболените, меѓутоа според портпаролот на СЗО, Афалук Батисаеви, осипување се појавило само кај неколкумина од заболените во Камбоџа, поради што и имало недоумици околу типот на болеста.