Генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова, оцени дека уништувањето на културното наследство, какво што несомнено е древниот ирачки град Нимурд, е еднакво на воено злосторство.
Бокова во денеска објавеното соопштение ги повика луѓето низ светот, „особено младите“, да го заштитат „наследството на целото човештво“.
Ирачката Влада соопшти дека екстремистите од Исламска држава со булдожери го уништиле древниот град Нимурд, на север од Ирак.
Бокова го осуди овој „културен хаос“ и додаде дека ги алармирала и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, и обвинителите на Меѓународниот кривичен суд, пишуваат американските медиуми.
Нимурд се смета за едно од најзначајните археолошки откритија на 20. век.