Бокова: 58 милиони деца во светот се надвор од образовниот систем

Од:

Ширум светот има 58 милиони деца кои не се опфатени со образовниот систем, изјави денеска во Софија генералниот директор на Организацијата за образование, наука и култура на ОН (УНЕСКО), Ирина Бокова.

– Поради лошиот квалитет на образованието, околу 250 милиони деца денес не знаат да читаат и пишуваат, иако минале и по четири години во училиште, изјави Бокова на предавањето на тема „Заветот на Нелсон Мандела“ на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.

Таа, како што јави БТА, нагласи дека во зоните на конфликти како Сирија, Ирак или Јужен Судан, многу деца не можат да одат на училиште.

– Други деца пак не одат на училиште од други причини како што се сиромаштијата и социјалните или верски разлика, потенцира Бокова.

– Речиси 1,5 милијарди луѓе денес живеат во нестабилни или во држави зафатени со конфликти и многумина од нив се соочуваат со „криза на иднината“ без лични или професионално знаења и без работа. Над милијарда луѓе живеат во услови на екстремна сиромаштија и немаат пристап до образовнието и здравставената заштита, потенцира Бокова.

Според Бокова, ваквата состојба придонесува за поткопување на социјалниот амбиент на општеставата и претставува кршење на основните човекови прва.

– Треба да му изразиме благодарност на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, затоа што тој е првиот генерален секретар во историјата на Организацијата, кој на дневен ред го постави прашањето за образованието, рече Бокова  на предавањето.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид