Вооружени припадници на исламистичката група Боко Харам денеска го зазедоа северноисточниот нигериски град Муби, при што загинаа десетици луѓе, а илјадници ги напуштија своите домови.
Нападот врз Муби почнал вчера. Во градот се уште се слушаат истрели.
Нигериските безбедносни сили потврдија дека Муби е под контрола на Боко Харам.
Исламистите поставија црно знаме над општинската зграда во Муби.