Боко Харам се заканува со напади во нигерискиот главен град

Од:

Маж, кој тврди дека е борец во нигериската исламистичка групација Боко Харам изјави дека таа планира со напади во нигерискиот главен град Абуџа.

Предупредувањето е упатено преку видео снимка, која ја добил новинарскиот сајт, со седиште во САД, Репортери на Сахара, како и нигерискиот новинар Ахмад Салкида.

– Уште бомашки напади се на пат да бидат извршени, во таа смисла и во Абуџа, каде со сметате дека сте на безбедно, изјави мажот во видео снимката, чија автентичност не може да биде потврдена.

Во друга видео снимка, која се појави на Интернет, една од киднапираните нигериски ученички од Боко Харам од Чобок, изјавува дека не сака да биде ослободена и да се врати во својот дом. На снимката, која трае три минути девојчето, кое е претставено како Мајда Јакубу, една од 276-те киднапирани ученички се колне на верност на Боко Харам. Опркужена со три жени, забулени во црно, девојчето носи црна исламска облека и држи пушка во рацете. Таа вели дека нејзините родители живеат во град на неверници и инсистира тие да го прифатат исламот.

Властите во Нигерија пред една недела успеаја да постигнат спогодба за ослободување на 82 ученички, во замена за ослободување на петмина команданти, на Боко Харам. Во рацете на исламистите остануваат уште 13 девојчиња, а 21 девојче веќе беа разменети минатиот октомври, а 57 успеаја да избегаат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он