Исламистичката бунтовничка организација Боко Харам формира исламска држава во заземените села и во градови во североисточна Нигерија, изјави лидерот на групата Абубакар Шекау.
Тој во видео-снимка им честита на своите борци кои на почетокот од месецот го освоија Гвоза, најголем град под контрола на Боко Харам.
Припадници на Боко Харам денеска нападнаа воени и полициски станици во градот Гамбору Нгала, на границата со Камерун.