Лидерот на вооружената група Боко харам, Абубакар Шекау презеде одговорност за нападот врз нигерискиот град Бага, при што загинаа стотици луѓе.
– Ги убивме жителите на Бага. Всушност ги убивме, како што нашиот Бог сака да го направиме во Светата книга. Нема да запреме. Тоа не е ништо. Ќе видите, истакна Шеау во 35-минутната видео-снимка поставена на „ЈуТјуб“.
Борците на Боко харам вчера се судрија со камерунската армија во главниот градна Нигерија, Ниамеј, каде имаше меѓународна средба посветена на борбата против радикалната исламистичка група.
Членови на Боко харам извршија напад и во Бондери, во најсеверниот дел на Камерун, во близина со границата со Нигерија.