Боко Харам објави нов видео запис на кој се гледаат млади жени, претставени како киднапираните ученички

Од:

Лидерот на Боко Харам објави денеска нов видео запис, на кој се гледаат стотина млади жени, претставени како нигериските ученички, киднапирани во средината на април во североисточниот дел на земјата.

Тој тврди дека ги преобратил ученичките во исламска вера и би ослободил неколку од нив, само ако ги размени за уапсени припадници на терористичката група.

Абубакар Шекау говори 17 минути на видео записот. Потоа камерата покажува стотина девојчиња покриени со наметки преку целото тело, за време на молитва на непознато место.

Вкупно 276 средношколки беа киднапирани на 14 април од нивното училиште во Шибок, во државата Борно, каде живее христијанска заедница. Педесет и три од нив успеаја да побегнат, а судбината на преостанатите 223 се уште е непозната.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи